18.5 C
Skopje
понеделник, октомври 14, 2019
Почетна Македонија Aтрактивниот Combo Box Go достапен во салоните на Vip

Aтрактивниот Combo Box Go достапен во салоните на Vip

Kabtel desktop

Vip го збогати своето портфолио и го воведе новиот производ, Vip Combo Box Go, со кој корисниците добиваат лесен пристап до брз интернет, каде и да се во Македонија, кога и да им треба.

Овој производ e најдоброто решение за интернет во викендици, камп, како и за сите корисници на кои им е потребен интернет во домот, но само во одредени периоди од годината. Претплатата е само 99МКД месечно, а по потреба корисниците можат да активираат и дополнителни интернет пакети со траење од 24 часа, цел викенд, неделни или месечни пакети.

На овој начин, корисниците добиваат едноставно решение за интернет по потреба, а воедно и лесна контрола на своите трошоци. За користење на интернет, корисниците имаат можност да активираат еден од следниве интернет пакети:

Дневен пакет (24 часа) од 5GB со еднократна доплата од 99 ден.

Викенд пакет (3 дена) од 20GB со еднократна доплата од 199 ден.

Неделен пакет (7 дена) од 50GB со еднократна доплата од 299 ден.

Месечен пакет (30 дена) од 100GB со еднократна доплата од 799 ден.

За оние кои имаат потреба и од Телевизија, Vip нуди и решение – Vip Combo Box Go 3, со кое уредот за Интернет се комбинира со дополнителен DVBT приемник и преку кој корисникот во секое време ќе има пристап до 20 национални канали, за месечна претплатата од само 199МКД месечно.

Дополнително на оваа услуга, корисниците имаат можност, по потреба, да активираат и дополнителни ТВ пакети – Super ТВ пакет, со кој за 199 денари месечно добиваат: National Geographic, Viasat History, Viasat Explorer, Viasat Nature, Da Vinci Learning, SK1, SK2, Fox, Fox Life, Fox Crime, Fox Movies, CinestarTV, Cinestar Action&Thriller, TV 1000, Cinemania, Magic, VH1 Europe, BabyTV, Boomerang, Cartoon Network, Pikaboo, 24Kitchen, E! Entertainment, CNN.

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019
Сподели!
  •  
  •  
Сподели!
  •  
  •