8.8 C
Skopje
сабота, декември 3, 2022

Шкотска продава остров по цена колку една куќа

Kabtel desktop

Див, рустичен и целосно ненаселен приватен остров во Шкотска се продава по цена пониска од куќа во центарот на Скопје. Многумина од нас сонуваат да имаат свој приватен остров. За жал, ретко кому му се остварува таа желба, но ако имате 170.000 евра, можете да стане горд сопственик на приватен остров во Шкотска.

Островот на козите или Eilean Nan Gabhar се простира на 5 хектари на западниот брег на Аргила, каде што се наоѓаат ретко истражени историски села и напуштени плажи. Островот се наоѓа на два часа возење од Глазгов, па нема да се чувствувате премногу изолирано, пренесува Bizlife.

Eilean Nan Gabhar  е дом на преубава флора и фауна, а компанијата која го продава вели дека островот е совршен пример за природна убавина во најдобро издание, каде што може да се пронајдат уникатни примероци на билки. На островот нема ниедна градба, струја или вода, но има домет од телекомуникациски сигнали и 3G мрежа. Секој кој ќе сака да го посети островот пред да го купи, тоа може да го направи сам со чамец и на сопствена одговорност.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!