Instagram развива апликација за шопинг

- Advertisement -

Социјалните медиуми почнуваат да „војуваат“ меѓусебе кога станува збор за онлајн шопингот, а Instagram тој напревар го подига на едно ниво повисоко. Според написите, Instagram развива нова апликација која на корисниците ќе им овозможи да купуваат производи од брендовите кои ги следат. Тие ќе можат да ги купуваат производите на апликацијата и потенцијално да добијат искуство кое нема да биде комплицирано како кај многу апликации за мобилен шопинг.

Од Instagram не коментираат ништо, но експертите за е-трговија велат дека ваквиот потег е само уште еден знак за растот на трговијата на социјалните медиуми. Сепак, загрижени се дали корисниците ќе сакаат да симнуваат уште една апликација на своите уреди. Моментално Instagram им овозможува на компаниите да ги тагнат производите во објавите и корисниците да ги купат. Подоцна годинава истата опција ќе биде овозможена и на Instagram Stories, пишува AddWeek.

- Advertisement -

Како што тврдат експерите, креирањето нова апликација значи дека корисниците допрва треба да ја прифатат, а тоа е тешко дури и ако не се бара од нив да ја платат апликацијата. Доколку погледнеме кои апликации најмногу се симнувани овој период, тоа се главно стандардни и познати е-трговци како Amazon.

Новата апликација на Instagram ќе биде и отстапување од политиката која ја практикуваат другите социјални медиуми од типот на WeChat во Кина, каде што корисниците можат да купуваат, да плаќаат, да комуницираат  и што уште не – сето тоа во една апликација. Без оглед на тоа какво искуство планира да понуди Instagram, јасно е дека настапува ерата на шопинг преку социјални медиуми.

Сподели!
- Advertisement -