Европската премиера на најочекуваното возило во светот, Tesla Model 3, ќе се одржи во Хрватска!

- Advertisement -

Во рамки на проектот „Татковината на Никола Тесла“ компанијата E.v.a. Blue од Загреб во соработка со Град Загреб организира премиерно претставување на најочекуваниот автомобил во светот, електричниот Tesla Model 3, пренесува Poslovni Puls.

Возилото кое веќе при првото претставување привлече незапаметен интерес и резервации од над 400.000  возила, симболизира транзиција кој пристапен електричен автомобил со голем досег и најнапредна технологија од иднината.

- Advertisement -

Така, Хрватска, односно Загреб ќе ја има честа и привилегијата да биде првиот европски град кој ќе има прилика на своите граѓани да им го претстави Tesla Model 3, кои ќе можат одблиску да ги погледнат и Tesla Model S и Tesla Model X, кои се примери за најсовремена технологија на светот.

- Advertisement -

„По повод одбележувањето на Европската недела на мобилноста 2018, посветена на одржливииот развој, пораката која сакаме да ја испратиме со презентацијата на овој и во блиска иднина на други напредни и достапни електрични автомобили е дека со едукација и поголем развој на инфраструктурата од електричните возила можат да имаат корист сите, а особено е битна нивната употреба во градските средини со цел да се намали емисијата на CO2 и бучавата”, истакна Тина Коловрат, директорка на компанијата E.v.a. Blue.

Инаку, компанијата E.v.a. Blue е организатор на Nikola Tesla EV Rally Croatia – најубавото и најтивкото рели во светот, кое годинава го одбележа своето петто издание. Луксузната туристичка е-тура, која обединува е-мобилност, екологија и туризам, им овозможува на учесници од Германија, Австрија, Словенија, Финска, Белгија, Норвешка да го покажат најдоброто од хрватското културно наследство и природните убавини. Така, 60 тимови во возила на Tesla во текот на осум дена возење поминуваат рута долга 1.550 км преку прекрасни пејзажи, пет острови и шест национални паркови, со мноштво атракции на рутата.

- Advertisement -

Премиерата на возилата е на 21 септември од 12 часот на Цветниот плоштад во Загреб.

Сподели!
- Advertisement -