21 C
Skopje
среда, јули 15, 2020

Научници направија „марсовски“ бетон

Kabtel desktop

Интересот за одење на Марс е се поголем. Разни вселенски агенции почнаа да ги анализираат проблемите на кои би наишле при една таква мисија, а најголемиот е заштитата на луѓето во текот на патувањето. Но, кога веќе ќе пристигнат луѓето на Црвената планета, ќе имаат потреба од висококвалитетни градби во кои ќе живеат и работат. Некои структури ќе може да се однесат таму, но тоа е само привремено решение.

Првите колонизатори ќе мора брзо да најдат начин да градат структури користејќи ги ресурсите на планетата. Но, како? Денес го имаме одговорот благодарение на работата на научникот Лин Ван и колегите од Универзитетот Нортвестерн. Тие пронајдоа начин како да направат „марсовски“ бетон со помош на материјали кои ги има и на Марс.

Најбитно од се е дека овој бетон може да се направи без употреба на вода, која е скапоцен ресурс на Марс, пишува MIT Technology ReviewКлучниот материјал за една марсовска конструкција ќе биде сулфурот. Основната идеја е да се загрева сулфурот на температура од 240 степени Целзиусови досека не стане течен. Потоа да се помеша со маровска почва и да се остави да се лади. Како што се стегнува сулфурот, дејствува како врзивен материјал и се добива бетон. 

Идејата да се користи сулфур како врзивно средство не е нова. Инженерите експериментираат со овој вид на материјал еден век и на почеток бетонот врз база на сулфур имал низа недостатоци. На пример, сулфурот како што се лади се добива моноклинички сулфур, а потоа се трансформира во орторомбичен сулфур, кој е стабилен алотроп на ниски температури. Но, исто така се смалува во текот на процесот и со тоа се создаваат пукнатини и се ослабува материјалот.

Научниците од Универзитетот Нортвестерн ја открија идеалната мешавина за сулфурен бетон кој ќе биде доволно цврст. Тие мешаат 50% сулфур и 50% марсовска почва со максимум агрегатна големина од 1 мм. Така се добива цврст материјал со компресивна сила од 50 MPa. Колку за споредба, за градење на Земјата се користи бетон со компресивна сила од околу 20 MPa.

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •