21 C
Skopje
недела, јули 5, 2020

Еколошка амбалажа за брза храна направена од лушпи од компири

Kabtel desktop

Еколошка амбалажа за пржени компирчиња направена од компири? Звучи иронично, зарем не? Италијанските дизајнери Симоне Карони, Паоло Стефано Џентиле и Пјетро Гаели ја претворија идејата за еколошка амбалажа за помфрит во реалност. Нивната амбалажа е направена од рециклирани лушпи од компири и е одржлива алтернатива за хартијата.

Таканаречената Peel Saver е пакување направено од скроб и компоненти на влакна, кои по природно сушење меѓусебно се врзуваат и се стврднуваат. Дизајнерите дошле до идејата откако сфатиле колку  годишно се фрла отпад од компири. Сакале да го сменат тоа и да најдат некаква вредност на тој отпад, а иронично е што сфатиле дека лушпите може да се употребат за да се чува храна од која произлегле самите лушпи.

„Традиционалната амбалажа за брза храна се користи многу кратко време, а тешко се рециклира. Peel Saver е одржливо решение чија цел е да ја замени пластифицираната хартиена амбалажа“ велат тие.

Пред да се стават во кружен калап лушпите од компири прво се мелат и природно се сушат. Потоа добиените состојки се ротираат во конусна форма како корнет за сладолед. Почетната идеја била да се комбинира лушпата со природен лепак од типот на желатин или латекс. Но, по експериментите со разни рецепти, сфатиле дека лушпите сами по себе се доволно цврсти по одредени процеси.

Бидејќи амбалажата е направена од 100% компири, целосно е биоразградлива, што значи дека биолошкиот циклус е завршен. Дизајнерите моментално немаат доволно средства за да направат голема количина од амбалажата, но се надеваат дека ќе продолжат со проектот и евентуално ќе најдат компанија која ќе им помогне во реализацијата на идејата.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •