-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Печурки кои јадат пластика се најновото оружје во борбата со пластичниот отпад

Kabtel desktop

Едно ново истражување на Кралските ботанички градини во Кју, Лондон, покажа дека печурките можат да го забрзаат разложувањето на пластиката од пластичниот отпад. Печурките аспергилус тубингензис фунгус се спомeнуваат во извештајот Тhe State of the World’s Fungi, каде што, исто така, е документирано дека се способни за производство на одржливи градежни материјали и за отстранување на загадувачите од почвата и од отпадните води.

Генерално, на пластиката и се потребни стотици години за разожување, печурките, кои за прв пат беа откриени во Пакистан минатата година, ќе го скратат тоа време на неколку недели. Овој извештај е прв од таков тип во светот, пренесува Inhabitat. Глобалниот проблем ги поттикна на истражување и иновации индустријата за дизајн и технологија, но ботаничарите од Велика Британија велат дека природата веќе го има решението така што самата се вооружува со биолошка одбрана од пластиката.

Бидејќи имаат способност да дејствуваат како атализатори на разложувањето на молекулите на пластиката, во извештајот се вели дека аспергилус тубингензис има потенцијал да се претвори во алатка која очајно ни е потребна за да го решиме проблемот со отпадот. Според научниците, печурките исто така можат да растат директно на површината на пластиката и оттука да ги прекинува хемиските врски меѓу молекулите.

Истражувачите од Ботаничките градини велат дека извештајот Тhe State of the World’s Fungi ни овозможува фасцинантен инсајдерски поглед на кралството на печурките и ни открива колку малку знаеме за огромниот потенцијал на габите во многу области. Во извештајот се документирани повеќе од 2.000 нови видови откирени во 2017 година, со корисни карактеристики и за природни и за индустриски цели. Повеќе од 100 научници од 18 земји од светот соработуваа на изработката на студијата.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!