16 C
Skopje
петок, март 5, 2021

Кинеската компанија Tencent претстави радикално решение за ограничување колку децата ќе играат видеоигри

Kabtel desktop

Кинеската влада сака да ја намали зависноста кај децата од видеоигри затоа што младите во земјата, но и во целиот свет поминуваат премногу време пред екраните на мобилните уреди, поради што честопати се занемаруваат училишните и животните обврски, а се поголем проблем е и кратковидноста. Пред два месеци Министерството за образование најави планови за раавој на сопствен систем кој на децата ќе им го ограничува времето на иргање видеоигри и бројот на достапни игри онлајн.

Ограничувањето на времето веќе го воведе кинеската компанија Tencent, и тоа по бројни критики затоа што децата премногу времеја играле нивната игра Honor Of Kings, во која гејмерите меѓусебно се борат онлајн во свет на фантазија. Така, минатата година воведоа ограничување со кое на помладите од 12 години играњето на играта се дозволува максимум еден час дневно, додека децата меѓу 13 и 18 години можат да играат максимум два часа дневно.

За да се почитуваат правилата неодамна воведоа систем за регистрација со вистински имиња, а сега почнуваат да тестираат една контроверзна технологија – препознавање на лице. Имено, компанијата со помош на камерите на паметните телефони сака да ги скенира лицата на децата за да дознае колку години имаат и според годините да им го ограничи времето на играње.

За почеток тестирањето е ограничено на илјада нови играчи во Пекинг и Шенжен, а потоа во зависност од резултатите на тестирањето и реакциите, ќе одлучат дали ќе ја имплементираат истата технологија за сите корисници на Honor of Kings. Препознавањето лице може да стане уште една од опциите на платформата Youth Guardian, со која Tencent сака да им овозможи на родителите надзор над времето кое нивните деца го поминуваат играјќи видеоигри.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •