2.9 C
Skopje
четврток, февруари 20, 2020

Ова е најбрзата камера на светот – толку е брза што може да ја снима светлината во движење

Kabtel desktop

Научници ја претставија најбрзата камера на светот  – толку е брза што може да го снима движењето на светлината во забавено движење. Камерата се вика T-Cu и снима со брзина од 10 трилиони рамки во секунда, што е многу повеќе од просечната камера на паметен телефон која прави 30 во секунда.

Оваа камера може да значи почеток на нова генерација на микроскопи за медицински истражувања или болнички тестови на крв. Камерата може да овозможи анализа на интеракции меѓу светлината и материјата на досега невидено ниво, пишува DailyMail.

Камерата ја направија експерти од Универзитетот Квебек и Институтот за технологија на Калифорнија и се базира на техника наречена фемто-фотографија. Една фемтосекунда е еден милионитти дел од наносекунда, скала која се користи за ласерска технологија.

Главниот автор на студијата, професорот Јинјанг Лианг, вели дека ласерскиот ултракраток пулс е вообичаено премногу краток за да се визуализира. Тој вели дека оваа нова камера овозможува „да се замрзне времето за да се видат феномени, па дури и светлината во бавно движење“. Камерата се базира на метод наречен компресирана ултрабрза фотографија, но тоа функционира само со 100 милијарди рамки во секунда.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •