Anita.ai – софтверско решение кое има за цел да го забрза и олесни процесот на тестирање алгоритми за вештачка интелигенција за компјутерските инженери, е победник на Стартап викенд во Скопје. Второ место освои идeјата Aqua градина, додека трето место освоија тимот Challenger со нивната бизнис идеја чија цел е да ја поттикне индивидуалната, но и компаниската одговорност кон еколошката средина.

Победниците на Стартап викенд Скопје освоија вредносни ваучери за курс од Брејнстер, Семос и Code академија

- Advertisement -

Стотина млади од секаква стручна област викендов се собраа и составија десет тимови со различни бизнис идеи на кои имаа можност да работат два ипол дена. Секој тим имаше задача да најде клиенти, било тоа да се организации или компании, да направи своја веб-страница или апликација и да ја промовира пред стручното жири составено од домашни и странски експерти.

Второнаградените на Стартап викенд Скопје

- Advertisement -

Трета награда за тимот Challenger

Почесна награда освои тимот Вело регистар, чија идеја е да создаде платформа каде луѓето ќе може да си го регистрираат својот точак, за негово полесно наоѓање кражба. Да го пријават доколку им е украден, или да го продадат некому по половна цена. Тие веќе добија поддршка од најголемата вело-иницијатива На Точак.

- Advertisement -

За организаторите, CEED Hub Скопје, сите се победници, бидејќи како што велат, стартапите беа почнати од нула, само како идеја, а дел од нив веќе имаат огромна поддршка од јавноста. Тие ги охрабруваат сите учесници да продолжат да учествуваат на вакви натпревари и да конкурираат со своите идеи.

Радио МОФ