-2.2 C
Skopje
четврток, јануари 27, 2022

Италија ќе ја забрани пластиката за еднократна употреба од 2020 година

Kabtel desktop

Италија ќе ги забрани пластичните чаши, приборите за јадење, чиниите и останатите призводи за еднократна употреба од февруари 2020 година. Со најавената забрана оваа европска земја ги исполнува предлозите на Европската комисија кои допрва треба да бидат усвоени. Во забраната ќе бидат вклучени и производи како што се сламките, стапчињата за балони и стапчињата за мешање пијалаци.

„Целта ни е да го исчистиме морскиот екосистем што е можно повеќе. Овој потег значи најпрвин да го смениме влијанието на некои пластични производи за еднократна употреба“, велат од италијанската влада.

Европската комисија во мај годинава побара забрана на пластичните производи за еднократна употреба на ниво на ЕУ, предупредувајќи дека пластиката сочинува повеќе од 80% од отпадот кој завршува во морињата. Од италијанската влада најавија дека од 2020 година рибарите повеќе нема да смеат да го вратат во море отпадот кој го заловиле во мрежите и дека во план е забрана на козметиката која содржи микропластика. Микропластика се ситните парчиња пластика, помали од пет милиметри, кои ги загадуваат морињата и океаните бидејќи не може да ги фати ниеден систем за филтрирање.

Овие наведени мерки е бидат вклучени во законот, кој речиси е изготвен. Следува негово усвојување на седница на влада за потоа да биде испратен во парламент на изгласување.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!