Европа инвестира милијарда евра во квантна технологија

- Advertisement -

Квантната технологија целосно ќе го смени светот во кој живееме, но тоа нема да се случи утре или идната година. Се проценува дека квантната технологија својот процут ќе го доживее за десетина години, а Европската унија сака да биде еден од предводниците во нејзината примена.

Токму поради тоа е развиена иницијативата Quantnum Technologies Flagship, вредна милијарда евра, која во текот на наредните 10 години ќе финансира повеќе од 5.000 истражувачи кои се занимаваат со квантна технологија.

- Advertisement -

Квантната технологија ќе овозможи голем технолошки напредок во областите: компјутери, симулација, криптографија и телекомуникација. Граѓаните предностите на квантната технологија ќе можат најдобро да ги почувствуваат преку прецизните сензори во медицината, квантната комуникација и подобрата безбедност за нивните дигитални податоци. Долгорочно гледано, квантната компјутерска технологија има потенцијал да ги реши проблемите кои претставуваат нерешливи препреки за сегашните суперкомпјутери.

Сподели!
- Advertisement -