12 C
Skopje
недела, септември 20, 2020

Интерактивна мапа покажува колку вода ќе има на Земјата откако ќе ја уништиме со пренаселеност и климатски промени

TMF desktop 19.08.2020

Интерактивна мапа направена од Универзитетот Алто го мапира недостигот од вода со кој се соочува светот. Достапноста на чистата вода е предизвик со кој моментално се соочува светот како што климатските промени и комерцијализацијата придонесуваат за суша во одредени региони. Земјоделството, модната индустрија и производството на хемикалии трошат огромни количини вода и климатските промени ито така придонесуваат за сушата да биде се почеста.

Просечната личност во Европа троши 3.000 до 5.000 литри вода дневно, тврдат истражувачите. Изминатата година сушите и недостигот од вода беа проблем во Велика Британија, Јужна Африка и Австралија, како и во поголеми делови од Африка и Централна Азија. Ситуацијата во Јужна Африка е толку лоша што експерт за спас на морскиот свет почна да собира средства за носење санти лед до Кејптаун за да се обезбеди чиста вода за пиење.

Проблемот со недостиг на вода во иднина ќе станува уште посериозен како што ќе се зголемува популацијата на Земјата, а климатските промени стануваат посериозни. Water Scarcity Atlas  е веб апликација креирана од истражувачот Џозеф Гијом на Универзитетот Алто, која користи глобални интерактивни мапи за да ги покаже проблемите кои може да се појават кога има ограничени ресурси на вода и дава информации како да се бориме со тие проблеми. Мапата им овозможува на луѓето да ги следат болeстите каде што луѓето имаат недостиг на вода.

Нешто што ќе направат консументите на северниот дел од Земјата влијае на некоја друга страна на светот. Првиот чекор до подобра иднина е да се разбере недостигот на вода и ефектот што ќе го има врз нашиот живот. Сакавме да направиме алатка која ќе им помогне на луѓето подобро да разберат што е одржливо а што не“, вели д-р Гијом.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •