-3.2 C
Skopje
недела, јануари 23, 2022

Облакодер отпорен на земјотреси прогласен за најдобар облакодер во светот

Kabtel desktop

На интернационалниот натпревар за архитектура на Deutsches Architekturmuseum (DAM), компанијата LBR&A Architectos’ Torre Reforma е прогласена за добитник на интернационалната награда International Highrise Award. Зградата е избрана во конкуренција на повеќе од 1.000 кули изградени во последните две години, а зградата во Мексико е избрана поради иновативниот дизајн отпорен на земјотреси.

Torre Reforma е највисоката зграда во Мексико Сити и висока е 246 метри. Необичниот дизајн делумно  е резултат на локалните регулативи за градење, коишто диктираат дека облакодерите не треба да бидат повеќе од двапати повисоки од ширината на улицата. Доколку една градба ја надминува таа висина, како што е случај со Torre Reforma, горниот дел треба да биде скратен.

Облакодерот го задоволува стандардот LEED Platinum за одржливост и има рециклирање на дождовна вода, а има и природна вентилација. Моќта на ветрот се користи за намалување на потрошувачката на вода. Ѕидовите на Torre Reforma достигнуваат 60 метри длабоко во земјата. Бетонот за ѕидовите бил туран полека за намерно да се направат разлики меѓу слоевите. Системот веќе се покажа ефективен за време на силен земјотрес во 2017 година и единствената штета на зградата била површинска штета и безопасни пукнатини на бетонот.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!