Утре ќе се одржи „Коцка“, моден перформанс на студенти од Технолошко-металуршки факултет

- Advertisement -

Утре ќе се одржи модна ревија и перформанс „Коцка“ 

“Коцка” е проект зад кој стојат млади креативци, уметници (дизајнери и современи танчери), поддржан од Министерство за култура. Дизајнерите и танчерите преку свој, уникатен и за нив претпознатлив стил се обидуваат да допрат до јадрото на секојдневните проблеми со кои се соочува секој поединец во нашата држава.

Зад овој проект стојат дизајнерите: Даниела Ѓуровска, Ангела Доневска, Марјан Бебекоски, Медаин Аслан и Христина Христова под менторство на дизајнерката и професорка на Технолошко-металуршки факултет Лидија Георгиева и уметничкиот директор на Скопје танцов театар, Рисима Рисимкин. Кореограф е  Адријана Данчевска.

- Advertisement -

Суштината на овој проект е да поттикне афирмација на млади уметници и нивните дела од областа на современиот танц и модниот дизајн на територија на Р. Македонија.
Со проектот се поттикнува и прашањето за местоположбата на еден млад танчер или дизајнер во општеството.  Одговорот на oва прашање се добива преку сензибилизација на актуелните теми во една стереотипна заедница во каква што живееме. Фокусирањето кон сржта на проблемот доведува до развивање на идејни решенија чиј посакуван резултат е подигнување на самодовербата и храброст за гласно толкување на проблемите кои се дел од нашето секојдневие.
Самодовербата или недостиг од истата е појдовна точка на самиот проект. Стереотипи, предрасуди, неприфаќање во толпата, се само дел од оние нешта кои се “трн во око”, а се занемаруваат.

Сподели!
- Advertisement -