7.6 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

Цртањето е најбрзиот и најефикасниот начин на учење

Kabtel desktop

Кога последен пат сте зеле молив и хартија и сте нацртале нешто? Најголем дел од луѓето тоа го правеле во средно училиште на часовите по ликовна уметност. Освен професионалните сликари или луѓето на кои цртањето им е хоби, малкумина од нас имаат време за скицирање, цртање или кој било друг облик на ликовна уметност.

Но, според едно новo спроведено истражување, вистинскиот одговор на прашањето би бил кога сте се обиделе да направите нешто ново. Имено, истражувањето покажува дека цртањето е најбрз начин да дојдете до информации и тие да останат складирани во вашиот мозок. Исто така, без оглед на тоа дали испитанитците поседувале некаква ликовна способност, по само 40 секунди лесно скицирање, тие можеле да се сетат на значително повеќе информации, со повеќе детали, а можете да се сетат многу побрзо од вообичаено.

Зошто цртањето е добар начин на учење? Се претпоставува дека тоа е така затоа што цртежот овозможува различни начини на асоцирање и гледање на работите кои се учат. Најголем дел од луѓето веројатно не користат добри техники на учење, а цртањето е еден од најдобрите пристапи не само за побрзо и попаметно учење, туку толку е едноставно и дискретно за користење во речиси сите ситуации – од училници до соби за состаноци.

Освен тоа, цртањето ја подобрува меморијата на луѓето без оглед на тоа за какви задачи станува збор, а поради едноставноста на користње, може да се користи во сите ситуации во кои малку чкрткање по хартија не претставува проблем. Затоа, наредниот пат кога ќе посакате да научите нешто, немојте да читате или да пишувате, туку цртајте.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •