18.5 C
Skopje
понеделник, октомври 14, 2019
Почетна Македонија Вип едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет

Вип едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет

Kabtel desktop

“Интернетот не e само игра. Кликај безбедно…” добива свое продолжение и во учебната 2018/2019 година. Вип продолжува со реализација на едукативната програма за деца за безбедно користење на интернет низ целата земја

 

Вториот циклус на програмата, кој оваа година е предвидено да опфати повеќе од 20 основни училишта од различни градови на Република Македонија, започна денес во О.О.У. „Крсте Мисирков“ во Куманово за учениците од 4-то одделение при училиштето.

Ми претставува особено задоволство што денес продолжуваме со реализација на програматаИнтернетот не e само игра. Кликај безбедно…’ која на сите нам во Вип ни е особено драга. Оваа учебна година го надградуваме проектот и продолжуваме со уште поголем број на основни училишта на територијата на Република Македонија, а се разбира нашата долгорочна цел е проектот да прерасне во традиција и да опфатиме што е можно поголем број на ученици. Целта на проектот е да ги подготвиме децата уште од најмала возраст да знаат како подобро и паметно да ги ползуваат придобивките од Интернетот при нивното континуирано учење, надградба и забава, со особен акцент на нивната безбедност при неговото користење“, изјави Мислав Галер, извршен директор на Вип.’

Партнери на проектот и оваа година се Министерството за образование и наука на Република Македонија, Бирото за развој на образованието, како и менаџментот и наставниот кадар на основните училишта каде се реализираат предавањата.

Од особена важност е образовниот процес континуирано да се надградува и надополнува со  содржини и програми кои соодветствуваат со динамиката и потребите на современото живеење, без разлика дали станува збор за формално или неформално учење. Навистина ми е драго што компанијата Вип вистински ја препознава потребата и активно придонесува кон создавање на придобивки кои ги користат најмладите генерации. Децата по природа се љубопитни и ги користат сите расположливи начини како да дојдат до саканите информации, а сите ние, и како институции, и како родители и како претставници на корпоративниот сектор, имаме обврска да им ги обезбедиме потребните ресурси кои придонесуваат за нивниот понатамошен развој, изјави Арбер Адеми, Министер за образование и наука на РМ.

На настанот свое обраќање имаа и градоначалникот на општина Куманово г. Максим Димитриевски и Директорот на О.У. „Крсте Мисирков“ г. Александар Јовановиќ кои ја поздравија програмата и истакнаа дека соработките од ваков вид значително придонесуваат кон јакнење на капацитетите на граѓаните и децата во заедницата, но и подготовка за реалниот свет на најмладите.

Предавањата и оваа година ќе ги реализираат вработените на Вип, кои преку интерактивни и интересни предавања прилагодени на возраста и образовната програма, ќе го прошируваат знаењето на учениците за Интернетот, фокусирајќи се на безбедноста и заштитата на личните податоци на децата.

Во рамките на едукативната програма, до крајот на учебната година ќе бидат опфатени учениците од  четврто одделение во 12 општини: Битола, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Прилеп, Неготино и Гевгелија.

Проектот “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” е дел од иницијативата “Интернет за сите на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2013 година. Во рамките на проектот, минатата година предавањата ги проследија повеќе од 700 четврто-одделенци, од 28 македонски и албански паралелки од 10 училишта од 8 општини на територијата на град Скопје, а активно беа вклучени и повеќе од 70 наставници, директори, педагози и психолози од училиштата. Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учесниците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата. 

Повеќе информации за Вип и едукативната програма Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно се достапни на веб страницата на Випwww.vip.mk

 

Сподели!
  •  
  •  
  • Тагови
  • Vip
Сподели!
  •  
  •