Адора инженеринг и Завар дизајн со заеднички изложбен простор и последните дизајн проекти во објектите за современо домување, се претставија на 8-то издание на Skopje Design Week, што неделава се одржа во Public Room. Синоќа, публиката заинтересирана за најновите трендови во дизајнот, имаше можност низ аудио-визелна интерактивна презентација да се запознае со најновите трендови и применети решенија во архитектурата и дизајнот, со кои Завар и Адора во објектите Адора Flatiron и Diamond Garden, донесоа еден нов, поквалитетен, помодерен концепт на домување во Скопје и Македонија.
„Адора инженеринг, градежен бренд што 16 години воведува пионерски решенија за посигурно и поквалитетно домување во Македонија, последните години стави посебен акцент на дизајнот на екстериерот и ентериерот на најновите објекти со цел на граѓаните да им понуди внимателно осмислен амбиент за попријатно домување. Најновите објекти Flatiron и Diamond Garden, беа голем предизвик за целиот тим на Адора, со ангажман на реномирани дизајнери од Европа, во соработка со македонски компании, да создадеме еден нов стил на домување што го заслужуваат нашите граѓани. Домовите во последните два објекти, кои втиснаа препознатлив урбан печат на современо Скопје, започнуваат од надворешниот оплемент пристап, за станарите се грижи домарска служба, а во домот тие пристигнуваат низ уникатно декориран влез, атриуми исполнети со природна светлина, специјално декориран простор за одмор и дружење, катче за детска игра и богати вертикални и хоризонтални внатрешни градини со 5,5 тони растенија“, потенцира д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор на Адора инженеринг, првата компанија од високата градба која се претстави на Skopje Design Week.
„Објектите Flatiron и Diamond Garden, беа голема инспирација на тимот на Завар дизајн, низ заеднички интегриран пристап со Адора инженеринг, преку примена на високите стандарди во архитектурата и дизајнот, со аплицирање на идентитетот на брендот, низ внимателен избор на бои, материјали, форми и ефекти, да искреираме и да изработиме ентериерни елементи кои создадоа посебен стил и дизајн на овие нови урбани симболи на Скопје. Завар дизајн, кој годинава одбележува 30 годишен јубилеј, ентериерот на Flatiron го збогати со геометриски форми од челик во црна боја и позлатен инокс, а природниот баланс на структурата на дијамантот и мекоста на зеленилото во Diamond Garden го дополни со уникатнои детали од кородиран челик, бакар, горен челик и огледален инокс“, објасни Марта Наумовска Грнарова, генерален директор на Завар дизајн.
Целта на Адора и Завар со последните заеднички дизајн проекти е преку следење и имплементација на интегриран дизајн простап во градењето на идентитетот на една зграда, Македонија да ја вклопат во светскиот иновативен, прогресивен концепт, а станарите целиот објект да го чувствуваат како свој интимен дом.