5.4 C
Skopje
сабота, февруари 22, 2020

Во кој месец е најдобро да стартувате сопствен бизнис?

Kabtel desktop

Ако планирате да започнете некој бизнис, треба да размислите да почекате до идниот септември или октомври. Зошто? Затоа што според истражувањата, луѓето во просек се попродуктивни наесен отколку во кое било друго годишно време.

Софтверската компанија Redbooth неодамна собра податоци од 1,8 милиони проекти и 28 милиони задачи во текот на четиригодишен период. Некои од наодите се:

Понеделник е најпродуктивниот ден од работната недела

Петок е најмалку продуктивниот дел од работната недела

•Работната активност е на врвот во 11 часот, а почнува да опаѓа после ручек

•Продуктивноста исто така опаѓа после 16 часот

Според резултатите од истражувањето, просечниот работник е 20% попродуктивен наесен отколку во зима, 11% попродуктивен наесен отколку напролет и 7% попродуктивен наесен отколку во лето.

Во просек, работниците се попродуктивни за 32% во текот на октомври, а најмалку се продуктивни во текот на јануари. Всушност, како што пишува Inc.com, трите најпродуктивни месеци во годината се сптември, октомври и ноември.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •