10 C
Skopje
сабота, април 10, 2021

Русите ќе патуваат на Месечината за да проверат дали Американците биле таму

Kabtel desktop

Дмитриј Рогозин, директор на руската вселенска агенција Roskosmos, изјави дека предложената руска мисија на Месечината ќе има за задача и да провери дали Американците навистина биле таму. „Си зададовме цел да одлетаме до Месечината и да проверивме дали биле таму или не“, изјави Рогозин со шеговит тон на видео кое се појави на Twitter.

Рогозин тоа го кажа во одговор на прашањето дали НАСА навистина била на Месечината пред околу 50 години. Од руската вселенска агенција наведуваат дека заверите во врска со мииите на НАСА на Месечината се вообичаена појава во Русија.

Советскиот Сојуз се откажа од својата програма за слетување на Месечината на средината на 70-тите години од минатиот век, откако им експлодираа четири експериментални ракети. Теориите на заговор за американските лунарни мисии навистина се чести во Русија, а Владимир Маркин, тогашен портпарол на Рускиот истражен комитет, побара истрага за американското слетување на Месечината.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •