13.7 C
Skopje
четврток, октомври 1, 2020

Јапонска компанија им плаќа на вработените да спијат повеќе

Една јапонска компанија им плаќа на своите вработени за да спијат подолго отколку што спиеле. Со цел да се осигура дека вработените се добро одморени, продуктивни и среќни на работа, компанијата Crazy Inc. со седиште во Токио им дава поени на вработените кои ноќе спијат подолго од шест часа дневно најмалку пет дена во неделата. Тие поени потоа може да се заменат во кафетеријата и може да вредат максимум 570 долари годишно за тие што спијат најмногу.

Компанијата го следи спиењето на вработените преку апликација. Проектот има за цел да реши многу здравствени проблеми кои се врзани за недостигот од спиење. Доколку не спиете доволно, тоа не се одразува само врз вашата работа. Хроничниот замор може да предизвика низа здравствени проблеми како што се висок крвен притисок, депресија и потенцијално фатални срцеви заболувања.

Според медицинските експерти, спиењето е приоритет, а не луксуз. Недостигот од сон може негативно да се одрази и врз економијата на една земја – Јапонија годишно губи по 138 милијарди долари поради здравствени проблеми како резултат на недостиг од сон, а во САД таа загуба е дури 411 милијарди долари годишно.

A Japanese company is paying its staff to sleep more

Rest, recovery and remuneration. Read more: https://wef.ch/2PYolcz

Posted by World Economic Forum on Среда, 28 ноември 2018

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •