22 C
Skopje
среда, јуни 3, 2020

Ова е ReTuna, првиот трговски центар во светот каде што се продава користена роба

Kabtel desktop

Реупотребата и рециклирањето не тренд кој се повеќе ги зафаќа земјите во целиот свет. Сега има и трговски центар каде што се продава само користена стока. ReTuna е двокатен комплекс во Шведска, лоциран на околу 110 км од Стокхолм и нуди широк избор на продавници со рециклирана и реупотребена роба. Во првите три години постоење продажбата во трговскиот центар се зголемила четирикратно.

ReTuna постои од 2015 година и е изграден со цел да се адресира проблемот со преголемата потрошувачка во Шведска. Ова е првиот трговски центар во светот кој се фокусира на одржлив шопинг, а компанијата која управува со него сака да им олесни на луѓето да најдат вредни производи кои веќе ги користел некој така што под еден покрив ќе стави повеќе продавници за таква роба.

Потрошувачите мислат дека е забавно да купат нешто што некој веќе го користел и да му најдат друга намена. Тие додаваат дека доколку се анализираат производите таму, изгледаат како нови, па затоа и не чувствуваат потреба да купат нешто навистина ново.

Речиси секој предмет кој се продава во трговскиот центар бил дониран во депото на ReTuna. Во трговскиот центар има 11 продавници во кои се продаваат мебел, книги, велосипеди и сл. Продавниците кои ќе склучат договор со ReTuna мора да се обврзат на нула отпад.

Во комплексот работат повеќе од 50 луѓе и центарот служи и како прибежиште за имигранти, кои се вработуваат таму. Многу од продавниците се дел и од шведската национална програма за субвенционирање плати за новодојденци во период од две години. ReTuna нуди и едукација која се фокусира на рециклирање.

Шведска долго време е лидер по одржливот. Повеќе од 99% од домаќинствата во земјата го рециклираат отпадот и го селектираат. Ова е пракса во земјата уште од 80-тите години. Земјата усвои и закони за да ја достигне својата амбициозна цел – нула емисија на стакленички гасови до 2045 година.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •