Скопје добива уште седум километри велосипедска патека

- Advertisement -

За да се подобрат условите за возење велосипед, екипите на Град Скопје изминатиов период изградија и реконструираа 7 (седум) километри велосипедски патеки по должината на градските улици и булевари, во општините Кисела Вода, Центар, Чаир и Бутел.

Во последниов период нови пешачко-велосипедски патеки добија следниве улици и булевари:
булеварот Борис Трајковски, на потегот од поранешната фабрика „Стакларница“ до бараките на Општина Кисела Вода (вкупно 3.029 метри); булеварот Борис Трајковски, на потегот од Рампа до крстосницата со булеварот Крушевска република (вкупно 103 метри); улицата 11 Октомври, на потегот од крстосницата со булеварот Крушевска република до крстосницата со булевар Кочо Рацин (вкупно 1.332 метри);булевар Крсте Мисирков, од крстосницата со булеварот Кузман Јосифовски Питу до клучката кај Бит-пазар (вкупно 1.704 метри);улица Бутелска, од улицата Босна и Херцеговина до крстосницата со улицата Душко Поповиќ (вкупно 620 метри).

- Advertisement -

Во тек е изградбата на велосипедските патеки на булеварот Србија, на потегот од крстосницата со булеварот Борис Трајковски до крстосницата со булеварот АСНОМ; на булеварот Киро Глигоров, на потегот од крстосницата со булеварот АСНОМ до клучката во Автокоманда; како и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, наспроти Млечниот ресторан.

Сподели!
- Advertisement -