21 C
Skopje
сабота, август 15, 2020

Пензионерски дом во Сингапур прекриен со зеленило е прогласен за зграда на годината 2018!

Kabtel desktop

Пензионерскиот комплекс Kampung Admiralty во Сингапур е прогласена за зграда на годината на Светскиот фестивал на архитектура (World Architecture Festival – WAF). Зградата беше крунисана на тридневниот настан во Амстердам, каде што беа доделени награди за повеќе категории, меѓу кои Пејзаж на годината и Мал проект на годината.

Комплексот го дизајнираше компанијата WOHA од Сингапур, а има за цел да ги задоволи потребите на постарите луѓе за безбедна и зелена средина. Лоциран е помеѓу две кули кое било неискористено. Замислен е како вертикално село со слоевит дизајн.

Понискиот дел е центриран околу голем плоштад, со многу простор за активности и вежби. Медицинскиот центар е на средината, а најгорниот дел од комплексот е парк со многу зелени тераси и станоци за сениорите. WOHA ја намалила потрошувачката на енергија на зградата со фокусирање на пасивна вентилација, природна всетлина и сенки. Сингапур е ралативно дождлив регион, па дождовната вода се собира за иригација на зелените покриви, зелените ѕидови и другите растенија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •