25 C
Skopje
среда, октомври 16, 2019

Официјално стартува првиот роботизиран такси сервис во светот на Google

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Официјално стартуваше со работа автономниот такси сервис на Google, односно Waymo во Феникс, Aризона, САД. Во текот на возењето со овие такси возила никогаш нема да имате впечаток дека со автомобилот управува компјутер, односно робот. За тоа придонесува и фактот што зад воланот сепак се наоѓа човек кој го следи возењето и може да интервенира ако има некаков проблем. Од друга страна, возењето со вакви автомобили може да биде навистина досадно.

Интересно е тоа што според возачите кои веќе некое време го делат патот со автономни компјутери, токму големата внимателност и придржувањето до сообраќајните правила се некои од минусите на роботските возачи затоа што во ситуации кога од возачот се очекува дека би можеле да прекршат некои од правилата, компјутерите не го прават тоа и тие ситуации честопати знаат да ги збунат останатите возачи во Феникс.

Waymo не сака да брза со овој сервис и уште веднаш да го овозможи на сите и секаде во светот, туку нивните автономни возила засега ќе се движат само во одредени делови од градот и ќе бидат достапни само за луѓе кои биле дел од тест-проектот. Иако компанијата има дозвола за такси сервис во кој нема да има никаков возач, на почеток на возачкото седиште сепак ќе седи човек кој ќе спречи сообраќајна незгода и трагедија во случај компјутерот лошо да процени некоја ситуација.

Корисниците го повикуваат таксито преку мобилна апликација, во која ја внесуваат и дестинацијата, а ќе им се прикаже цената која ќе треба да ја платат. Во автомобилот на задната страна од предните седишта се наоѓаат екрани на кои патниците можат да видат се што гледаат и сензорите на автомобилот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •