18.3 C
Skopje
среда, февруари 26, 2020

Почна да се гради мост преку Панамскиот канал

Kabtel desktop

Панамската влада доделила 1,4 милијарди долари за изградба на мост преку Панамскиот канал на еден кинески конзорциум.

„Панама бележи напредок во односите со Кина, и овој проект, чија изградба сега започнува, недвосмислено е дел од таа порака и доверба помеѓу двете земји“, изјави панамскиот претседател Хуан Карлос Варела. Изградбата на мостот е еден од најголемите градежни инфраструктурни проекти во историјата на Панама, додал претседателот.

Конзорциумот „Панама Куарто Пуенте“, го сочинуваат China Communication Construction Company (CCCC) и China Harbor Engineering Company (CHEC), и доверена им е работата на проектирање и изградба на мостот преку Панамскиот канал.

Инаку, тој ист кинески конзорциум гради и трет мост преку Панамскиот канал (Атлански мост, долг 2.820 метри), чие завршување се очекува идната година.

(Извор- Porta3.mk)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •