22 C
Skopje
среда, јуни 3, 2020

Целосна листа на компании кои добија награда „Македонски квалитет 2018“

Kabtel desktop

Во присуство на брojни гости, традиционално, во рамките на манифестацијата „Македонски квалитет“ беа прогласени десетте добитници на престижното признание за 2018 година кое го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на претседателот на Република Македонија. Признанијата ги доделија претседателот на Република Македонија Н.Е, д-р Ѓорге Иванов, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК),  Данела Арсовска, како и претставници на претседателството на Сојузот. Комисијата составена од членови на Кабинетот на претседателот на Република Македонија, согласно прецизно воспоставените критериуми, и оваа година внимателно ги селектираше македонските претставници кои имаат традиција во создавање и одржување на национален бренд.

Добитници на признанијата се:

-Ансамб Студио Фолклор

 Адора Инженеринг

– Универзитет за туризам и менаџмент

– Рафајловски Консалтинг

– Специјал Продукт 

– Тинекс

– Ендомак

– Митковски ММ

– Геемак Гроуп и

– Бироком

 

Доделувањето на традиционалното признание за квалитет е поттик да се продолжи со успешната работа и да се претставува државата со квалитет и доверба. Оваа престижна манифестација се одржува секоја година во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските претставници на национален бренд за тековната година при што секоја година се доделуваат 10 признанија за Македонски квалитет.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •