22 C
Skopje
недела, јули 5, 2020

Откажете се од паметниот телефон на една година и освојте 100.000 долари

Kabtel desktop

Бројни истражувања досега покажаа дека сме станале премногу зависни од паметните телефони и дека голем број луѓе не можат на издржат ни еден ден без својот мобилен телефон. Компанијата Vitaminwater во рамките на својата маркетиншка кампања одлучи да испита дали луѓето се навистина зависни од своите телефони и можат ли да издржат една година без користење смартфон, а за оние кои ќе успеат во тоа има голема награда – 100.000 долари.

Ги повикаа сите заинтересирани до 8 јануари во објава преку Twitter или Instagram со ознаката #NoPhoneforaYear и #contest да напишат како би ја поминале таа една година без телефон и што би правеле наместо да користат смартфон. Објавите мора да бидат оригинални и интересни и ќе ги прегледува стручно жири, кое ќе ја оценува секоја објава и ќе се фокусира на креативноста, важноста за брендот, квалитетот и хуморот, за на крајот да изберат една која ќе ја освои наградата.

Таа личност најпрвин ќе мора да потпише договор со различни правила до кои ќе мора да се придржува во текот на една година, а меѓу кои е и детектор за лаги и некористење смартфон ни за работа. Сепак, тој што ќе го изберат нема цела година да биде без мобилен телефон – ќе може да користи мобилен телефон од деведесеттите години со кој ќе може да телефонира и да испраќа пораки, веројатно само во итни случаи.

Што мислите за натпреварот? Би издржале ли вие една година без паметен телефон?

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •