14 C
Skopje
вторник, март 2, 2021

Во Зимбабве поради стари сијалици се оди во затвор

Kabtel desktop

Во Зимбабве неделава беше дополнет законот со кој се забранува купување и продавање на стари, класични сијалици со влакно и сега поседувањето такви сијалици е казниво дури и со затворска казна. Тоа значи дека граѓаните, компаниите, училиштата и другите установи може да бидат казнети не само поради купување стари сијалици, туку и ако дома имаат такви сијалици.

„Употребата на ’инкандесентни сијалици‘ е забранета од 1 спетември“ велат од владата. Почетната казна за поседување една сијалица од забранетите видови е 50 зимбабвиски долари, односно 0,12 eвра, а покрај тоа што сијалицата ќе биде уништена, за продажба или купување една сијалица казната е 100 долари, додека за сијалици посилни од куќните се применува казна затвор.

Неодамна сменетиот закон вклучува и казни од 5.000 зимбабвиски долари или 12 евра, како и две години затвр. За старите сијалици, лажно обележаните како нови, паричната казна за трговците е најмалку 25 долари за секоја сијалица. Државата во мај 2017 година донесе закон со кој се забранува увоз, производство или продажба на конвенционални сијалици. За спроведување на забраната е ангажирано државното регулативно тело „ZERA”, даночната управа и полицијата на Зимбабве.

Властите сакаат да ги принудат сите потрошувачи поефикасно да го користат осветлувањето, како што се диодите кои емитуваат светлина (ЛЕД). Идејата е ова да помогне да заврши дваесетгодишниот недостиг на струја во Зимбабве, а да се спречи и загадувањето на околината. Покрај посторгите казни за поседување стари сијалици, од 1 септември во Зимбабве по куќите можат да работат само квалификувани електричари кои имаат поврда од државата, додека тешки казни следуваат за куќните и маалските мајстори.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •