-6.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Вештини кои ги бараат компаниите – за овие работи расте побарувачката

Kabtel desktop

LinkedIn неодамна објави извештај за работите, односно работните места за кои најмногу расте побарувачката во последно време и за вештините за кои најмногу се бараат за вршење на тие работи. Извештајот се базира на истражувањето кое се спроведува последните пет години, а иако списокот со овие работи се базира на побарувачката во САД, јасно е дека дел од тоа истражување може да се примени на други земји.

Блокчеин девелопер – за оиве работи е забележан најголем раст на побарувачката во последните години (дури 33 пати), а вештините кои најмногу се бараат од кандидатите се познавање на блокчеин, криптовалути, етереум и Node.jsa. Индустриите во кои овој тип на вработени се најбарани се технологија и сервиси, софтвер и Интернет, а компаниите во кои кандидатите со овие вештини се најбарани се IBM, ConsenSys и Chainyard.

Инженер за машиснко учење – работите во иднина главно се врзани за машинското учење и вештачката интелигенција, а вештините кои инженерите за машинско учење треба да ги имаат се длабинско учење, мапинско учење, TensorFlow, Apache Spark и Natural Language Processing. Таквите инженери се најбарани во Apple, Intel, Nvidiа и други големи технолошки компании.

Директор за продажба на апликации – ваквиот када се бара во компании како Oracle, AT&T и Avayа, а вештините кои би требало да ги имаат се познавање на софтвер како услуга, апликации во облак, управување со човечки капитал, бизнис планирање и продажба итн.

Експерт за машинско учење – уште една професија врзана за машинското учење се наоѓа во топ 5 професии и од кандитатите се бараат слични вештини како од инженерите, при што овде е нагласена и вештачката интелигенција. Apple, Google и Amazon се само некои од компании кои се во постојана потрага за вработени со наведените вештини.

Продажен претставник во здравствената индустрија – во индустриите како биотехнологија и фармацевтска индустрија е се поголема побарувачката за вработени со познавање од продажните процеси и медицинските уреди и луѓето кои имаат големо искуство во процесот на лансирање на нови производи итн.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!