Сингапур и Париз се најскапи градови во светот

- Advertisement -

Сингапур веќе петта година по ред е најскап град во светот според последниот извештај на Economist Intelligence Unit, а Париз и Цирих се веднаш зад него на листата. Азиско-пацифичките и европските градови и понатаму се доминантни меѓу најскапите градови според извештајот објавен неделава. Исклучок е отсуството на Токио и Осака меѓу топ 10 најскапи градови во светот поради инфлацијата.

Интересно е дека Токио во 2013 година беше на прво место на оваа листа, меѓутоа јапонскиот главен град во текот на годината падна на 11-то место. Хонгконг, минатогодишниот втор по ред најскап град, сега се наоѓа на четврто место.

- Advertisement -

Синдеј, пак, скокна за четири места и така влезе во 10 најскапи градови градови во светот, како и Осло, Женева, Цирих и Копенхаген. Флуктуацијата на валутите и понатаму е главен проблем за промената на поредокот, велат од Economist Intelligence Unit.

- Advertisement -

Слабеењето на американскиот долар резултираше со тоа ниеден американски град да не се најде меѓу топ 10 и покрај релативниот пораст на стандардот на живот во САД во последните неколку години. Њујорк и Лос Анџелес се на 13-то и 14-то место, за разлика од деветтото и единаесеттото место на кое беа минатата година.

Силната автомобилска индустрија беше клучен фактор за опстанокот на Сингапур, додека главниот град на Сирија, Дамаск и венецуелскиот главен град Каракас се рангирани како најевтини на светот.

Сподели!
- Advertisement -