-0.1 C
Skopje
сабота, февруари 22, 2020

Royole го претстави првиот еластичен телефон во светот кој е готов за продажба

Kabtel desktop

Радикалниот флексибилен паметен телефон на Royole го имаше своето интернационално деби на CES 2019 во Лас Вегас. Компанијата ги претрка Samsung и другите најголеми компании за паметни телефони во трката кој ќе го претстави првиот еластичен смартфон во светот.

Компанијата го претстави смартфонот FlexPai, кој ќе се продава по цена од 1.300 долари. Телефонот е комбинација од таблет кога е отворен и најголемиот смартфон во светот моментално кога ќе се превитка на половина. Додека други компании изминатите месеци претставија слични концепти, FlexPai е првата комерцијална верзија на еластичен смартфон. Официјалното лансирање на телефонот се случи минатата есен во Пекинг. 

На прес-конферецнија на CES извршниот директор на Royole, Бил Лиу, ја објасни визијата на компанијата да го смени начинот на кој ние стапуваме во интеракција со информациите. Royole го развиваше својот интерфејс за комуникација меѓу машините и луѓето Human Machine Interface (HMI) изминатите шест години.

FlexPai, како што објасни Лиу, е комбинација од таблет и паметен телефон. Еластичниот смартфон овозможува да го претворите таблетот во уред кој ќе го собере во џеб. Во изминатата деценија имаше многу различни преносни уреди во светот, но повеќето се слични мали уреди со екран на допир кои ги собира во дланка.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •