5.1 C
Skopje
среда, декември 11, 2019

Системот за чистење на отпадот од океаните Ocean Cleanup System 001 се расипа среде Тихиот Океан

Kabtel desktop

System 001 — иновативниот систем на Ocean Cleanup за собирање на отпадот од т.н. Голем пацифички остров од ѓубре се расипа на своето шатување од Калифорнија до Хаваи. Според младиот креатор на System 001, Бојан Слат, уредот со форма на џиновска буква U се расипал поради постојаните ветришта и големибранови во Тихиот Океан и ќе биде одвлечен до Хаваи на поправка. Доколку поправката не може да се направи во Хаваи, ќе биде натоварен и ќе биде вратен во Аламеда, Калифорнија, ода каде што и тргна на патување.

Дваесет и четиригодишниот Слат не е среќен поради тоа што се случи, но не е ни обесхрабрен од неговата креација, ниту пак планира да се откаже од мисијата да ги исчисти океаните. „Ова е целосно нова категорија машини кои работат во екстремно сурови услови. Секогаш сме подготвени дека ќе треба да одиме напред па да се враќаме неколку чекори назад. Ова не е некое значително скршнување од оригиналниот план“ изјави Слат.

Големиот пацифички остров од ѓубре, како што кажува и самото име, е џиновски куп од отпад и пластика кој плови меѓу Хаваи и Калифорнија. Експертите не се целосно сигурни колку е голем, но според некои проценки, голем е колку државата Тексас и постојано расте поради загадувањето на океанот. Исто така, тоа е најголемата акумулација на пластика во океан во светот.

System 001 беше лансиран на 8 септември минатата година. Има форма на U буквата, долг е 600 метри и под пловките има 3 метри долга завеса. Системот се движи со морските струи, што значи побрзо од купот ѓубре и функционира како камион за ѓубре во океанот. Кога ќе биде собрана пластиката, се враќа на копно за да биде сотрирана и рециклирана. Системот во октомври ја достигна крајната дестинација и се очекува да се врати на чистење на купот пластика откако ќе биде поправен.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •