19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Google и WordPress инвестираат 1,2 милијарди долари во систем наменет за новинари

Kabtel desktop

Послeдните години многу млади и независни медиуми беа принудени да престанат со работа. Економската криза во комбинација со различни политички превирања наголемо ја промени медиумската сцена во светот. За барем да се обидат да го забават тој тренд, Google News Initiative и WordPress ги здружија силите за да направат брз, безбеден и евтин систем за објава на вести, кој ќе биде по мерка на малите редакции – Newspack.

Google News Initiative досега се фокусираше на изработка на решенија за големи издавачи, но со 1,2 милијарди долари вредниот Newspack фокусот се става на малите редакции и независните медиуми. Репортерите кои стартуваат нови дигитални изданија се соочуваат со големи технички и деловни проблеми. Нема смисла секоја група од локални репортери да мора да измислува вистинска комбинација од рубрики, да ангажира експерти за технологија и корисничко искуство и тоа сето да го претвори во совршен систем за објава на вести за тие да допрат до нивните читатели.

Токму Newspack треба да им ги обезбеди технолошките алатки за малите редакции да можат да се фокусираат на пронаоѓањето вести. Затоа Newspack опфаќа дизајн на интернет-страница, конфигурирање на CMS и систем за продажба на огласи. Освен тоа, ќе ги поддржува постојните WordPress плагини, а сето тоа за цена од 1.000 до 2.000 долари месечно. Во тоа им се приклучија и челната компанија на WordPress, Automattic и неколку новинарски здруженија и донации кои ќе инвестираат дополнителни милион долари во проектот.

Од Google најавија дека развојот на Newspack ќе започне во следните неколку недели, а очекуваат дека за јавноста ќе стане достапен до крајот на годината. Сите што се заинтересираи да учествуваат во тестирањето може да се пријават на официјалниот блог на проектот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •