8.8 C
Skopje
сабота, декември 3, 2022

Кинескиот град Шенжен е првиот во светот каде што сите автобуси се 100% електрични

Kabtel desktop

Овој кинески град е првиот град во светот кој 100% од своите автобуси ги замени со електрични, а наредниот планиран чекор е електрификација и на сите такси-возила. Во Шенжен во моментот 65% од такси-возилата се електрични, но до 2020 година 100% ќе бидат електрифицирани.

Во градот се поставија 510 станици за полнење на автобусите и 8.000 столбови со полначи за електрични возила. Кинеската влада веќе нуди значителни субвенции за компаниите од јавниот транспорт, а токму тоа резултираше со забрзан раст на продажбата на електрични возила. Така, Кина сега е најголемиот светски пазар за електрични возила.

Инвестициите во „зелен транспорт“ се дел од војната на азиската земја против загадувањето бидејќи квалитетот на воздухот во некои од најголемите кинески градови многу често достигнува опасно ниво. Кинеската влада навистина тешко се справува со тој проблем.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!