7.8 C
Skopje
понеделник, октомври 3, 2022

Пет книги кои би требало да ги прочита секој што бара работа

Kabtel desktop

Било да се подготвувате за некоја нова работа или само сакате да внесете нова енергија, малку дополнително знаење нема да ви наштети. Пред се, имајте предвид дека ќе бидете поинформирани и попаметни при барањето нова работа доколку прочитате некоја од овие книги.

1.„How to Talk to Anyone: 92 Little Tricks for Big Success in Relationships”, Лил Лоундес

Две битни работи кои би требало да ги знаете кога станува збор за разговорите за работа и како ќе оставите добар впечаток е разговорот да го направите попријатен и добро да се покажете. Оваа книга ќе се научи како да оставите добар впечаток и да дознаете нешто повеќе за вештините на вербалната комуникација.

2. „Quiet: The Power of Introverts in a World That Can’t Stop Talking”, Сузан Кејн

Ова е одлична книга за сите кои важат за интровертни личности, кои се преокупираат со сопствениот свет и се сокриваат од надворешниот, како и за сите оние кои имаа проблем со вклопувањето во друштвото и се однесуваат онака како што се смета за нормално денес. Оваа книга може да влијае на луѓето кои не можат лесно да се поврзат со другите луѓе и да се истакнат во потрагата, а и во добивањето работа.

3. „The Defining Decade: Why Your Twenties Matter — And How to Make the Most of Them Now”, Мег Џеј

Дваесеттите години од животот се време кога сте најмногу збунети, особено во кареирата. Размислувате дали да студирате, дали да се запишете на некоја школа или да се вработите. Ова е драгоцена и важна литература за луѓето во дваесеттите години. Со одлични приказни и совети можете да почувствувате инспирација, да го пребродите стравот и да тргнете во акција.

4. „Nice Girls Don’t Get the Corner Office: 101 Unconscious Mistakes Women Make That Sabotage Their Careers”, Лоис П. Франкел

Жените кои ја градат својата кариера и наидуваат на пречки на тој пат треба да ја прочитаат оваа книга. Сите жени од кропоративниот свет и сите жени кои сакаат да напредуваат со помош на оваа книга можат да го променат однесувањето кое им пречи на тој пат.

5. „Indispensable By Monday: Learn the Profit-Producing Behaviors that will Help Your Company and Yourself”, Лери Мајлер

Со помош на оваа книга повеќе ќе верувате во себе, во своите вештини и способности, и во својата способност да придонесете. Оваа книга ви покажува како да пресметате колку сте му заработиле, а колку сте му заштедиле на работодавецот. Ќе дбиете информации кои можете да ги искористите на разговорите за работа или кога ќе барате унапредување.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!