20 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Македонија 2025 организира панел-дискусија за зајакнување на женското претприемништво според најдобрите канадски практики

Kabtel desktop

Меѓународната невладина организација Македонија2025 на 31 јануари (четврток) организира панел-дискусија насловена „Жени-претприемачи и канадски експерти: Менторство, развој и одржливост“, која ќе се одржи во DoubleTree by Hilton – Скопје од 11.00 до 13.00 часот.

„На настанот присутните ќе дискутираат за искуствата и најдобрите практики поврзани со женското претприемништво во Канада и Македонија, најголемите предизвици со кои се соочуваат македонските жени-претприемачи, но и за нивната соработка со назначените ментори од Канадската организација за извршни услуги – CESO SACO, во насока на засилени организациски капацитети и поголема самоодржливост“ велат организаторите.

Меѓу клучните говорници на панел-дискусијата со гордост ги најавуваат: Н.Е. Кати Чаба – амбасадор на Канада во Србија, Македонија и Црна Гора; Џенифер Лавуа – советник на CESO SACO од Канада, како и претставнички на неколку реномирани женски организации од Македонија.

Панел-дискусијата се организира во рамките на проектот финансиран од Канадскиот фонд за локални иницијативи, поддржан од Амбасадата на Канада во Република Македонија, а во насока на зајакнување на женското претприемништво и родовата еднаквост во Македонија. Настанот е од отворен карактер и сите заинтересирани за темата може да присуствуваат.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •