Македонскиот блокчеин хаб утре организира дебата за можностите на блокчеин технологијата

- Advertisement -

Што ѝ е потребно на Македонија за да се позиционира на светската блокчеин сцена? Имаме ли конкретни предлози за интензивирање на процесите во оваа сфера во земјава? 
Каде би можел да нѐ однесе капацитетот што постои во блокчеин технологијата? 

 

Ова се главните прашања кои ќе бидат адресирани на првата средба иницирана од Блокчеин хабот Македонија, (дел од Европскиот блокчеин хаб), која ќе се случува утре, 1 февруари, во Амфитеатарот на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со старт во 18 часот – под мотото: „Замислете го светот за 10 години од денес. Како изгледа? Овозможен од блокчеин!“.

- Advertisement -


Целта на средбата е да се разгледаат можностите за употреба на предностите од оваа технологија кај нас, но, и да се слушнат потребите и ставовите на блокчеин заедницата во Македонија. 

– Швајцарија и Луксембург пријавуваат капитализација на стартапи во милијарди евра, Словенија пријавува тренд во запирањето на одливот на кадри поради индустриите базирани на блокчеинот, Италија ратификуваше легислатива за давање правна тежина на дигиталните вредности… Улогата на Блокчеин хаб Македонија e отворање можности за блокчеин девелоперите и стартапите во земјава за нивeн рапиден развој, надоградување, пристап до фондови и нови пазари за оформените блокчеин стратапи, а со тоа и вклучување во светските трендови во оваа област. Темите на средбата ги диктираат, всушност, светските трендови во блокчеин индустријата, но, ги креираат и самите учесници, согласно потребите што ги гледаат за развој на оваа индустрија во земјава – најавува Небојша Илијевски, основачот и претседател на македонскиот ЕУ блокчеин хаб, организатор на средбата. 

Главни гости на утрешниот настан се и Бранко Крсмановиќ претседател на Блокчеин Хаб Србија, како и Игор Величковиќ и Стојан Иванишевиќ, ко-основачите на Блокчеин Академијата и на блокчеин стартапи во Србија.

Мисијата на македонскиот блокчеин хаб, покрај тоа што има за цел да ја придвижи македонската блокчеин заедница кон светските трендови, настојува на артикулиран начин да ги предочи можностите на оваа технологија, да влијае на регулативата во земјава, да едуцира и да ги зголемува локалните капацитети за развој на стартап компании од оваа област. 

Таа ги користи ресурсите на Европскиот Блокчеин Хаб (www.eubchub.eu) и неговите нодови низ светот, со цел да влијае на регулативата, разбирањето на можностите на технологијата и развојот на блокчеин заедницата во Македонија.
Пријавувањето за утрешниот настан е на следниов линк: https://goo.gl/T51oc5.

На оваа средба ќе бидат претставени и светските трендови во Блокчеин технологијата – директно од Евроазискиот Самит во Куала Лумпур, насловен „Ослободете го потенцијалот: Блокчеин за Целите за одржлив развој“,  кој се случи на 12 јануари, и каде учество имаше и македонскиот блокчеин хаб.

Сподели!
- Advertisement -