12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Чистиот воздух на европските граѓани може да им заштеди 183 милијарди евра

Kabtel desktop

Ново истражување открива дека жителите на Европската унија можат за заштедат дури 183 милијарди евра ако ги усвојат иновативните технологии со кои би се намалило загадувањето на воздухот во текот на наредните седум години.

Извештајот Clean Air Challenge, pкој го направи компанијата InnoEnergy во соработка со Deloitte, дава одговори на истражувањата на Европската унија според кои загадувањето на воздухот можеби е причина за смртта на 1 од 10 преуранети починати во светот. Европската унија тоа ќе ја чини неверојатни 475 милијарди евра во периодот од 2018 до 2025 година, што претставува 2,9% од просечниот годишен БДП.

Извештајот беше презентиран во Брисел и детално го анализира квалитетот на воздухот во Европа, а посебно ги истакнува конкретните иновациии решенија во сообраќајот и загревањето на домовите со кои европските граѓани би се заштитиле од загадувањето на воздухот и неговото влијание на здравјето на луѓето.

Загадувањето на воздухот е еден од најкритичните проблеми по здравјето на луѓето ова столетие и годишно од загаден воздух во Европа умираат над 400.000 луѓе. Clean Air Challenge нуди практични решенија со кои би се подобрило здравјето на луѓето и од нив би имало корист целото општество.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!