Дупка со големина на половина Менхетен откриена на Антарктикот

- Advertisement -

Неодамна беше откриена голема шуплина со големина на половина Менхетен, која постојано се шири на антарктички глечер, сигнализирајќи на брзото топење на ледот. Огромната дупка длабока околу 300 метри неодамна беше откриена и се смета дека брзо се шири на дното на глечер на западниот дел на Антарктикот, изјавија од лабораторијата на НАСА. Битно е да истакне дека големината на овој глечер одговара на големината на Флорида.

„Големината и ширењето на новооткриената дупка не изненади. Шуплината некогаш беше исполнета до 14 милијарди тони лед, а најголем дел од ледот се стопи во последните три години“, велат експертите од НАСА.

- Advertisement -

Набљудувајќи го долниот дел на глечерот истражувачите се надеваат дека ќе можат да пресметаат колку брзo ќе се зголеми глобалното ниво на морето како резултат на климатските промени. Во самиот процес на истражување тимот користече воздушни и сателитски радари за откривање на шуплината.

Со години се сомневавме дека Твејтс не е црвсто поврзан со тлото под себе. Благодарение на новите генерации сателити конечно можеме да ги видиме деталите“, изјави Ерик Рињо, еден од авторите на студијата.

- Advertisement -

Според некои проценки, глечерот содржи доволно лед за да се подигне нивото на морето за малку повеќе од 65 метри, кога би дошло до целосно топење. „Овој глечер е од суштинско значење за проектирање на неговото влијание на порастот на нивото на морето во наредните децении“ додава Рињо.

Сподели!
- Advertisement -