8.7 C
Skopje
среда, октомври 21, 2020

Во тек се уписите за талент-програмата на „Сеавус“ од областа на телекомуникациските технологии

Kabtel desktop

Kако дел од талент-програмите на „Сеавус“, во тек се уписите за обука од областа на телекомуникациските технологии. Обуката е наменета за дипломирани студенти или студенти запишани во последната година од своите студии за информатички и компјутерски науки, како и за сите оние кои имаат технички познавања од оваа индустрија и сакаат да се дообучат. 

Ова ќе биде седма по ред талент-програма, а според досегашаното искуство, на обуката се пријавуваат повеќе од 100 кандидати, од кои најмалку 20 ја добиваат можноста за едукација. Од нив, пак, најдобрите, или најмалку 10 кандидати добиваат можност да се вработат во „Сеавус“.

Станува збор за обука која нуди можност за стекнување ретка стручност за една од водечките платформи за наплата. Всушност, „Сеавус“ е единствената компанија на Балканот која едуцира и вработува вакви кадри. Уште повеќе, вработените ќе имаат можност да работат за некои од најдобрите телеком-оператори во Европа, и ќе имаат можност за чести патувања.

Обуката за една од водечките платформи за наплата ќе се состои од интерактивни предавања и практични вежби одржани од експерти на „Сеавус“, со повеќегодишно искуство стекнато работејќи на проекти за реномирани компании. Со почеток во април, во времетраење од еден месец, сите учесници во обуката ќе имаат можност да се стекнат со техничко познавање за употреба, конфигурација и развој на нови функционалности и тестирање на платформата за наплата. Најуспешните учесници ќе добијат можност да станат дел од телеком-тимот во „Сеавус“ и шанса да ја градат својата карира во најголемата ИТ-компанија во земјава.

Повеќе информации за обуката прочитајте тука: https://career.seavus.com/job-opportunities/job/telecom-billing-platform-talent-program?fbclid=IwAR3VF20urK-87osuUsLKaGq7Xyu-qEeuS6b_SESFUgpGAq7Y_pp2QnZC8yg

Сите заинтересирани можат да аплицираат најдоцна до 1 април 2019 година.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •