6.5 C
Skopje
четврток, декември 12, 2019

Радикален потег – ИКЕА ќе изнајмува мебел

Kabtel desktop

Шведскиот трговец со мебел ИКЕА прави радикален пресврт во својот бизнис, кој повеќе нема да се базира само на продажба на мебел туку и на изнајмување мебел. Како што пишува Financial Times, компанијата уште овој месец би можела да започне да тестира изнајмување на мебел, а за тестирањето ја избра Швајцарија. Од ИКЕА наведуваат дека можноста за изнајмување ќе се однесува на различни видови мебел, но на почеток ќе се нуди исклучиво канцелариски мебел.

„Ќе соработуваме со партнери за да можеме да изнајмуваме мебел. Кога ќе истече времето за наем, можете да го вратите мебелот и да изнајмите нешто друго“ вели извршниот директор на Интер ИКЕА, која го поседува брендот ИКЕА.

Концептот за изнајмување ќе ги олесни напорите на Ikeа во една кружна економија затоа што мебелот кој ќе го вратат купувачите ИКЕА ќе го „освежи“ и ќе го препродаде. Со тоа ќе се продолжи животниот век на одредени видови мебел.

После изнајмувањето на кацелариски мебел за бизнис корисници, од ИКЕА сметаат дека наредна интересна ниша би можело да биде изнајмувањето кујни.Како што велат оттаму, купувачите би можеле да гледаат на изнајмувањето како на алтернативен начин за финансирање на кујнскиот мебел.

Изнајмувањето мебел е прва од новите идеи кои сака да ги тестира ИКЕА, а крајната цел им е воведување модел на своевидна претплата за мебел. Изнајмувањето мебел е дел од напорите на ИКЕА за развој на кружен бизнис модел кој нема да се базира само на продажба на мебел.

Имено, компанијата планира до 2030 година да ја намали својата емисија на јаглерод диоксид за 15% во апсолутни износи, а тоа ќе резултира со намалување на емисијата за две третини по поединечен производ. ИКЕА веќе почна да дизајнира кревети на начин со кој подоцна ќе биде полесно да се рециклираат. Размислува и за стартување сопствен бизнис со резервни делови за купувачите да можат да го поправат мебелот кој веќе не се произведува.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •