Google избриша 29 апликации кои се користеле за крадење фотографии и измама на корисниците

- Advertisement -

Компанијата Google отстрани 29 апликации кои се користеле за крадење фотографии и измама на корисниците. Компанијата за безбедност Trend Micro откри 29 злонамерни апликации на Google Play Store, кои се промовирани како апликации за разубавување на фотографиите. Google реагираше брзо и ги отстрани спорните апликации.

Споменатите апликации вршеле различни активности на уредите со Android на кои ги инсталирале корисниците. Некои апликации активирале реклами преку цел екран со порнографски содржини или пласирале разни измами секогаш кога корисникот ќе го отклучи својот телефон. Други апликации ги пренасочувале корисниците на други страници со цел кражба на податоци. Некои дури се обидувал да украдат имејлови и телефонски броеви на корисниците преку известувања за наводна освоена награда.

- Advertisement -

Од Trend Micro истакна дека дури и технички легалните содржини како порнографијата кои ги промовирале овие апликации биле измама. Аналитичарите за безбедност ги тестирале апликациите и платиле за videoplayer содржините за возрасни кои се нуделе, но немало никакви видеа.

Други апликации отишле чекор понапред и нуделе разубавување на фотографии. Меѓутоа, тие апликаци, всушност, краделе фотографии и ги ставале на приватен сервер. Наместо разубавување, корисниците добивале известување дека мора да ја ажурираат апликацијата. Од Trend Micro веруваат дека украдените фотографии се користеле за други злонамерни активности како лажни профили на социјалните мрежи.

Сподели!
- Advertisement -