Сопственичката на еден ресторан од Шабац, Србија, осмисли неколку начини со помош на кои на гостите наместо во виртуелниот, ќе живеат во реалниот свет. Ана Васиќ е сопстеничка на ресторанот „Дивино“, најави „казнени мерки“ за гостите кои гледаат во мобилниот телефон.
Оваа млада девојка во разговор за BBC вели дека основната идеја и е да ги приближи луѓето еден до друг, повеќе да се дружат и да се запознаат. „Сите сме совршени на Facebook и на Instagram, убаво сме облечени, се забавуваме, патуваме и што уште не, но ајде после тоа да не го ставаме на Интернет и да ставаме лајкови, туку да разговараме за тоа во живо, да разменуваме впечатоци, совети. Неодамна по прв пат организиравме караоке вечер и не беше лошо. Нема да наплаќам влезници, само да се забавуваат луѓето. Се пошегував дека ако некој извади телефон на маса, келнерот ќе му наплати казна од 10 динари“, вели Васиќ.
Објавата на Ана на Facebook, во која ја најави борбата против лајковите и животот на социјалните мрежи, доби најмногу коментари и интеракција. „Сите зборуваат дека луѓето наскоро ќе станат роботи, дека се отуѓуваат едни од други, а никој не презема ништо да го променат тоа. И јас сум дел од тоа. Имам социјални на телефон, но се трудам тоа да не ми биде единствена занимација. Веќе некое време нудам и забавни игри и карти за играње, па сега луѓето сами ги бараат. Тоа значи дека овие новини убаво ќе бидат прифатени“ додава Васиќ.