Минчо Јорданов: Преспанскиот договор нема да се одрази на продажбата на македонско вино

- Advertisement -

Винаријата Стоби одбележа 10 години постоење, а воедно ја одржа и традицијата за закројување на лозјата по празникот Св. Трифун. Сопственикот Минчо Јорданов истакна дека македонското вино е едно од најквалитетните во Европа, па затоа очекува и подобрување на политиките за поддршка на оваа индустрија. Прашан како ќе влијае Преспанскиот договор врз македонското вино тој смета дека постојат многу нови перспективи. “Да се најде решение за придавката македонско вино на целата територија на Македонија, но тоа секако нема да се одрази на продажбата. Асоцијацијата Вина од Македонија ќе работи на ова прашање кога ќе биде отворено во работните групи, целта е да нема оштетени и мислам дека тој процес ќе биде успешен”, смета Јорданов.

 

- Advertisement -

Винскиот туризам е најпозитивна синтеза на повеќе економски елементи, оценува Јорданов. “Македонија е разнолика и на странците може да им понудиме чисто вино. Најмалку користиме препрати бидејќи имаме најеколошко вино во Европа. Секако, и со храната ги воодушевуваме, а се надеваме на поддршка преку државните и европските фондови”, одговори Јорданов на новинарско прашање. Во однос на винска култура во Македонија долго време ние бевме земја на ракијата со скромна потрошувачка на вино за разлика од Франција каде има 50-60 литри по жител. “Кај нас е до 10 литри годишно по жител, но приватното производство кое не е регистрирано не влегува во статистиката. Мислам дека има силен тренд на зголемување и има фантастични показатели на раст насекаде во светот, што укажува дека се менува културата на консумирање на вино. Затоа и ние треба да работиме на менување на културата во секојдневниот живот”, заклучи Јорданов.

(www.biznisregulativa.mk)

Сподели!
- Advertisement -