7.6 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

Како Фред Луди ја изгради најиновативната компанија во светот?

Kabtel desktop

Фред Луди е 64-годишниот основач на ServiceNow, најпознатата американска компанија за ИТ услуги. „Кога толку многу луѓе сакаат да те видат, мора да се чувствуваш како рок ѕвезда. Ова е малку неблагодарно чувство затоа што луѓето беа мојата инспирација. Оттаму ми дојдоа сите идеи, а јас само ги запишав и размислив за нив“, вели Луди.

Кога ја основал компанијата пред петнаесет години бил навистина шворц затоа што неговото лично богатство од 35 милиони долари преку ноќ го снемало поради проневера на сметководителите во неговата претходна компанија. Пред четиринаесет години тој бил човек-компанија додека ги продавал производите на ServiceNow од својот дом. Дури и по првото ИПО на неговата компанија пред седум години неговата компанија вредела само скромни 2 милијарди долари.

Сега компанијата ServiceNow со седиште во Санта Клара, Калифорнија, има пазарна вредност од 30 милијарди долари и минатата година беше прогласена за најиновативна компанија од магазинот Forbes. Компанијата денес има повеќе од 6.000 вработени и повеќе од 4.000 клиенти, од кои 850 се на листата Forbes Global 2000 со најголемите јавно листани компании во светот. Минатата година имале приходи од 1,93 милијарди долари, а се очекува растот да биде поголем од 30% годинава. Повеќе од 500 компании годишно трошат најмалку 1 милион долари за производите на ServiceNow.

Што продава ServiceNow?

Едноставен тек на работата кој на вработените им овозможува лесно да менаџираат со своите барања од ИТ. ServiceNow ветува интерен систем кој ги задоволува потребите на вработените и е мнoгу подобар од конкурентите како што се BMC Software, Hewlett Packard Enterprise, Cherwell Software и СА Technologies.

Она со што ServiceNow го заслужи епитетот најиновативна компанија се двете карактеристики на нивните производи: едноставноста и прилагодливоста. ИТ алатките на ServiceNow не мора да ги поставува ИТ тимот на компанијата. Тие се зацементираа себеси како број еден ИТ партнер на најголемите компании во светот и никој не сака да ги замени.

Но, триумфот на Луди доаѓа и од неговите иновации во менаџментот. Попрецизно, тој знае кога треба да отстапи и да дозволи некој друг да управува со неговото „чедо“. Тој во 2011 година се симна од позицијата извршен директор и стана главен продукт менаџер. Немањето големо его се исплатува и сега компанијата излезе пред Facebook, Tesla и неколку други технолошки гиганти кои биле лансирани во исто време, а на чие чело и понатаму стојат основачите на компаниите.

Наместо да се одликува со смелост, Луди ја цени мудроста, особено затоа што компанијата ServiceNow ја основаше на возраст од 50 години, односно 49 години и 346 дена. „Не можев да чекам да наполнам 50 години, па да ја основам компанијата затоа што нешто во главата ми велеше дека не можам да основам компанија на 50 години“ вели Луди. Тој докажа дека тоа чувство апсолутно не било точно, туку напротив, тој како лидер на компанија има една иновативна предност која во Силиконската Долина не се цени доволно, а тоа е искуството.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •