7.6 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

Делови од океаните денес имаат 40% помалку кислород отколку пред 50 години

Kabtel desktop

Океаните ни даваат храна, играат витална улога во регулирањето на климата на Земјата и се од суштинско значење за глобалната трговија. Сепак, извештајот Global Goal 14 на Обединетите нации ги повикува земјите да ги заштитат океаните од понатамошно уништување.

Кислородот станува навистина редок во океаните и ги доведува во опасност растенијата и животните кои живеат таму. Во некои морски средини изминатите пет децении кислородот се намалил за 40%, додека во некои региони нема толку драстичен пад. Севкупно, океаните денес имаат 2% помалку кислорорд отколку пред пет децении.

„Изненадени бевме од интензитетот на промените кои ги видовме, од тоа колку брзо се намалува нивото на кислород во океаните и колку се големи ефектите врз морскиот екосистем“ велат од Центарот за окeански истражувања Хелмхолц. Дури и мало намалување на концентрацијата на кислород под вода може да биде катастрофално за морските суштества на кои им треба кислород за да преживеат.

Зоопланктонот, кој го одржува морскиот синџир на исхрана, е екстремно чувствителен на промената на кислородот и миграцијата во несоодветни услови за нив значи дека се поподложни на напади од предатори. Другите животни исто така почнуваат да го ограничуваат движењето за да ја сочуваат енергијата, а рибите како туната, која е од огромно значење за прехранбената индустрија, се принудени да мигрираат затоа што природните живеалишта веќе немаат доволно кислород. Ваквата миграција, пак, го пореметува долгогодишниот екосистем.

Зошто има се помалку кислород во океаните? Затоа што вишокот стакленички гасови од атмсоферата го апсорбираат океаните, а колку е потопла водата во нив толку потешко го задржува кислородот. Понатаму, повисоките температури го топат мразот, а тоа предизвикува потоплата вода да стои над поладните посолени води и не дозволува кислородот од атмосферата да се апсорбира во океаните. Последно, земјоделските ѓубрива придонесуваат алгите да се прошируваат на поголеми површини и да трошат повеќе кислород.

Се очекува дека кислородот ќе го има во уште помали количини наредните години и научниците ги повикуваат владите да преземат мерки за да го решат проблемот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •