14 C
Skopje
среда, јуни 3, 2020

Австралија ќе посади 1 милијарда дрвја во наредните 11 години

Kabtel desktop

Изминатиот викенд австралискиот премиер, Скот Морисон го најави планот на земјата да засади 1 милијарда дрвја до 2030 година. Проектот ќе чини околу 9 милиони долари и според најавите, се очекува да помогне да се исчистат 18 милиони тони стакленички гасови секоја година од сега до 2030 година.

Проектот е дел од кампањата на земјата да ги достигне целите од Парискиот климатски договор. Главната цел на договорот е да се зајакнат глобалните напори против заканите на климатските промени со ограничување на покачувањето на температурата. Доколку засадувањето дрвја во Австралија навистина и помогне на земјата да отстрани милиони тони отровни гасови од атмосферата секоја година, дефинитивно ќе и помогне на Австралија да ги достигне целите од Парискиот договор.

Освен бенефитите по животната средина, премиерот истакна дека проектот ќе отвори работни места за многу луѓе. „Сакам да посадиме многу дрвја и да отвориме повеќе работни места и тоа е тоа. Овој регион веќе е богат со шуми, а сега ќе се осврнеме на инфраструктурните потреби, на потребите за вработување и ќе се осигураме дека ќе постојат тела кои ќе ги засадуваат дрвјата“ додаде премиерот.

До 2030 година, според плановите, Австралија ќе покрие 400 хектари со шума. Не само што дрвјата ќе апсорбираат повеќе јаглерод диоксид, туку според плановите, Австралија сака се повеќе да се потпира на дрвото како извор за материјали. На пример, граќа, влакна и се друго што може да се добие од дрвото за правење згради, адитиви за храната, биопластика итн.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •