Во овој хотел можете бесплатно да престојувате, само под еден услов

- Advertisement -

Имајќи ги предвид сите проблеми кои нам ни ги сервира модерниот начин на живот, еден хотел во Шведска нуди бесплатно сместување за секој што сака да ги наполни батериите или едноставно „да се исклучи“. Хотелот Bellora во Гетенбург го наплаќа престојот на гостите во зависност од времето кое го поминуваат на својот мобилен телефон, па така одрекувајќи се од овие направи кои не заморуваат, можете да имате одмор од соништата и тоа бесплатно.

Секоја минута помината на Интернет ја зголемува цената на престојот за 20 шведски круни или околу 2 евра. Главната мотивација на хотелот за оваа акција лежи во желбата членовите од семејствата повторно да се зближат и да поминат квалитетно време заедно во текот на кое нема да остават трага во виртуелниот свет.

- Advertisement -

Собите во хотелот ја користат паметната ламба Skärmfri, која мери колку ќе платите за собата во зависност од времето кое го поминувате на социјалните медиуми. Гостите се поврзуваат со ламбата преку WiFi. Ламбата свети бело додека не поминат 30 минути рекреативно користење на Интернет, а потоа почнува да свети црвеношто значи дека почнува да им се одборјува колку да платат за собата. Доколку воопшто не го користите телефонот, собата е целосно бесплатна.

Според некои податоци, бројот на корисници на социјалните медиуми минатата година се зголеми на 3,196 милијарди, што е 13% повеќе од годината претходно.

Сподели!
- Advertisement -