7.6 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

Топ 10 најдобри земји за пензионирање во 2019 година

Kabtel desktop

Пензионирањето треба да биде време кога се реаксирате и заборавате на стресот. Додека некои луѓе ги планираат своите пензионерски денови до детаљ, на други можеби им треба помош да се одлучат каде ќе ги поминат своите златни години.

Списанието International Living неодамна го објави својот најнов Годишен глобален индекс за пензионирање и ги наведе топ 10 дестинациите каде што пензионерите можат да избегаат од се. Истражувањето анализира повеќе фактори како што се климата, локалниот начин на живот, трошоците за живот, здравството, визниот режим и колку е лесно за новодојденците да се влопат откако ќе пристигнат.

Постарите фаворити како Мексико и Костарика остануваат популарни поради пристапноста, топлата клима, едноставната брократија и воспоставените заедници на странци, но во 2019 година има и нови земји, како што е Тајланд.

Еве ја годинашната листа со најдобри земји за пензионери.

 

  1. Шпанија

Медитеранскиот брег на Шпанија привлекува милиони туристи кои се в потрага по сонце, песочни плажи и релаксиран живот. Истите тие атракции како и одличната здравствена заштита, високиот стандард на живот и ниските трошоци во споредба со други европски земји привлекуваат многу пензионери.

  1. Тајланд

Ова е прво рангирање на земјата меѓу топ 10. Тајланд исто привлекува многу пензионери со своите песочни плажи, живите градови и поладната клима во планинските села. Со својата тропска клима Тајланд може да биде топол и влажен, но има ниски трошоци за живот и богата култура и кујна.

  1. Перу

Перу се искачи на листата за две места во споредба со лани и го зазеде местото на Никарагва. Познат по културните атракции како што се Инките, Пери има и ниски трошоци на живот, богата кулинарска сцена и разновиден пејзаж. Новодојденците ќе мора да научат да зборуваат шпански зашто англискиот не се зборува многу.

  1. Португалија

Португалија си ја задржа седмата позиција поради топлата клима, пријатеслкиот народ и релаксираниот начин на живот. Англискиот јазик се зборува наголемо и во крајбрежните предели има многу доселеници.

  1. Колумбија

Колумбија е дом на многу пензионери кои се сместиле во топлите тропски крајбрежни предели. Едноставните барања за виза го олеснуваат преселувањето, а евтиниот живот уште повеќе привлекува доселеници. Освен тоа, Светската здравствена организација го рангира здравствениот систем на земјата на 22-ро место, што значи подобар од САД.

  1. Малезија

Малезија има топла и влажна клима во текот на целата година и токму тоа ги привлекува луѓето да дојдат да живеат тука. Трошоците за живот се ниски, има изобилство од храна и англискиот јазик се зборува во многу региони.

  1. Еквадор

Во селцата и во градовите во Еквадор може да се најдат многу доселеници. Трошоците за жiвот се ниски и климата е тропска на брегот до ладна во планините и долините. Новодојденците во Eквадор имаат добар и евтин здравствен систем, а уживаат и во некои даночни олеснувања.

  1. Мексико

Мексико падна за едно место во споредба со лани, но и понатаму е популарна дестинација за пензионери од Сад и од други делови од светот. Мешавината од планини, прерии, долини на новодојденците им овозможува да избираат каде ќе се сместат. Освен тоа, има висок квалитет на живот и богата култура. Здравствената заштита е одлична, а трошoците се пониски од многу други земји.

  1. Костарика

Оваа централноамериканска земја беше на прво место минатата година, но падна на втора позиција годинава. Костарика е позната по надворешните активности како нуркање и планинарење. Евтините недвижности, микроклимите и пријателскиот народ ја прават оваа дестинација популарна кај пензионерите.

  1. Панама

Панама е најпопуларна дестинација во светот за пензионери за 2019 година. Тоа е искачување за две места во споредба со лани. Топлата клима и уште потоплиот пречек од локалците, како и даночните олеснувања и ниските трошоци за живот ја прават земјата идеална дестинација за пензионирање.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •